-Бебето е тешко 3.060 грама и долго 50 сантиметри. Мајката, која е од Дебар, и бебето се во одлична здравствена состојба, информира дежурната сестра на одделението за гинекологија.
Иако организирано за многу кратко време градскиот Плоштад беше преполн, а присутните ги забавуваа Ѓоко Танески, Жармена, групите Бетис Бупс и Бекдор бенд и ди-џеј Петар.
Со одбројувањето и исчекувањето на првите секунди во Новата година прилепчани ги упатија желбите и надежите за среќна, поуспешна и побогата година исполнета со поспокоен и мирен живот.
Секоја година, на 1 јануари, по завршувањето на новогодишната прослава екипите на ЈП „Комунална хигиена" – Скопје го собираат отпадот и го метат градскиот плоштад.
Освен ова нарушување на јавниот ред и мир, портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски оцени дека новогодишната ноќ поминала генерално мирно на цело подрачје на овој сектор за внатрешни работи.
Под влијание на студен и влажен бран утре попладне, во текот на ноќта, како и во четврток ќе има врнежи од снег, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови од земјава.
Првото новороденче во Струмица на свет го донесе Наташа Бабулова од Струмица во еден часот по полноќ. Нејзе ова и трето дете, а породувањето го извршил гинекологот д-р Митко Киров.
Осум пожари се регистрирани на територијата на Град Скопје за време на новогодишната ноќ. Како што велат за МИА од Територијалната противпожарна единица, дежурните екипи интревенирале од 19 часот вчера до седум утрово.
При посетата на територијалната противпожарна единица Николовски истакна дека иако локалната власт има ингеренции на работењето на службата, централната власт постојано во спрега со локалните власти работи на унапредување и развој на работата на противпожарна служба.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.