Над 13.000 парчиња пиротехнички средства, најмногу петарди, одзела полицијата изминативе седум дена во Тетово и Гостивар во рамки на засилените активности за спречување, откривање и законско санкционирање на продажбата и употребувањето на различните видови пиротехнички средства и особено петарди.
Рудникот за олово и цинк САСА обезбеди финансиска поддршка и учествува во организација на сите активности за обележување на новогодишните празници во општина Македонска Каменица.
Локалната самоуправа на Кочани во 2019 година ќе располага со буџет од близу 213 милиони денари, што е на слично ниво како во годината што изминува.
ОКТА донираше дигитален логопедски сет во Заводот за ментално здравје на деца и младинци „Младост“ во Скопје. Со тоа компанијата ја продолжи праксата, финансиските средства предвидени за купување корпоративни подароци за бизнис партнерите да ги пренамени во донации за подобрување на условите за работа во институциите кои се грижат за најранливите категории. Ова се спроведува веќе 4-та година по ред и стана дел од компаниската предновогодишна, празнична традиција.
Во изложбениот салон на Уметничката Галерија во Кумнаово вечер ќе биде отворена самостојната изложба на академскиот уметник Марина Цветановска-Мартиновска. Изложбата е насловена „Помеѓу празното и празнината“ и претставува нејзина осма по ред самостојна ликовна реализација.
Од 15 декември до 31 декември, Градот Скопје за граѓаните во главниот град подготви најразлични доживувања и незаборавна забава за новогодишните празници во новогодишната населба „ВИНТЕРЛЕНД“ на плоштадот „Македонија“.
Во Центарот за бездомници на Црвен крст денеска градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов заедно со волонтери од Црвен крст поделија пакети со топла облека за бездомниците.
Советот на Општина Аеродром на последната седница го изгласа буџетот за 2019 година во износ од околу една милијарда денари, известуваат од општината.
Советот на Општина Битола во рамки на програмата за развој на туризмот одлучи во градот да биде отворено туристичко инфо биро, пункт за туристите и промоција на туризмот.
Локалната самоуправа на општина Крива Паланка објави известување за имателите на бесправни објекти дека и во следните три дена, двата дена од викендот и понеделник, 31 декември службите ќе ги примаат барањата од граѓаните.