Националната галерија на Македонија организира ретроспективнaта изложба на Танас Луловски Тане, еден од доајените на македонското современо сликарство, која вечер од 19 часот ќе биде отворена во Даут-пашиниот амам.
Во организација на прилепската локална самоуправа и Институтот за старословенска култура од Прилеп, утре во општината ќе се одржи јавна расправа за Нацрт-планот за управување со заштитеното подрачје „Маркови Кули“.
Во СВР Велес со 3.600.000 денари направена е целосна реконструкција на кровот на зградата, комплетна промена на столаријата, комплетно фарбање на фасадата на зградата, а изградена е и пристапна рампа за инвалидизирани лица.
Во соработка со НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“, општина Делчево подготвува богата музичка понуда за новогодишните и божиќните празници. Како што информира претседателот на комисијата за организирање културни манифестации, Даниела Такева, празничната музичка програма ќе започне утре со целовечерен концерт на староградска музика и серенади во интерпретација на Градскиот хор од Штип.
Со искрени и пријателски желби за побрзо оздравување и убава 2019-та година, градоначалникот Богдановиќ и амбасадорот Ангелов, се дружеа, се сликаа и поразговараа со нашите најмили и најмали.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи врши увид на лице место каде денеска околу 13:30 часот се случи сообраќајна несреќа.
ЈСП Скопје сака да потенцира дека не толерира кршење на Кодексот на вработените од страна на било кој вработен (возач, контролор, билетарка, аминистративен работник и слично) и е отворено за жалби/пријави/поплаки од секаков вид.
Граѓани, членови од невладиниот сектор, советниците на општина Гази Баба, денеска присуствуваа на јавната презентација на “Ажурираниот катастар на загадувачи на територијата на општина Гази Баба”, во просториите на општината.
Со цел елиминирање на нелегалната трговија со пиротехнички средста и спречување на несаканите последици од нејзино користење во текот на претстојните празници, СВР Охрид започна со интензивни мерки и контроли врз физички и правни лица кои нелегално вршат продажба на петарди, огномети и други пиротехнички средства.
Тетовците Ш.И.(26) и Б.Ќ.(26) вчера биле приведени од полицијата како осомничени за тешка кражба на златен накит извршена пред два дена во куќа на улица „108“ во Тетово.