Во пресрет на Новогодишните и Божикните празници општина Велес ја украси главната новогодишна елка во Младинскиот парк, постави уште три светлечки елки на три локации во градот, а со светлечка завеса е осветлена и Саат кулата што е симбол на Велес.
Во неделата, 16 декември во „СЦ Форца“ во Скопје се одржа третиот традиционален турнир во Пинг понг „Самсунг 2018“ во организација на ППФМ и клубот „Телеком НЕЦ“.
Секторот за внатрешни работи- Струмица до Основното јавно обвинителство- Струмица поднесе кривична пријава против СК (45) од Струмица, поради постоење на основано сомневање дека пријавениот сторил кривично дело „силување и други полови дејствија“, сопштија денеска од струмичката полиција.
Проектот „Квалитетни услови за среќни деца“ доби најголема поддршка на последната, четврта сесија од Проектниот форум „Зајакнување на општинските совети“ што се одржа денеска во Струмица.
Директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани, во празничните денови не ги заборави оние на коишто вниманието и грижата им се најпотребни и преку своја лична донација им подари новогодишни пакетчиња на сите пациенти од Kлиниката за детски болести во Скопје.
– Во сите училници на школото се поставуваат 33 прочистувачи, а за околу 1.700 средношколци од ова училиште се обезбедува почист воздух за време на престојот тука. “Зеф Љуш Марку” е едно од 23. средни училишта на Град Скопје кои оваа зима се опремуваат со прочистувачи за воздух.
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 25 декември 2018 година (вторник), првиот ден на Божиќ, е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија.
Министерот за култура Асаф Адеми денеска оствари работна средба со раководството и со членовите на Фолклорниот ансамбл „Вапцаров“.
Со мирен протест на градскиот плоштад во Тетово и марш по булеварот „Илинденска“, дел од студентите на Државниот универзитет во Тетово, Универзитетот на Југоисточна Европа и „Мајка Тереза“ од Скопје го изразија своето незадоволство од состојбите во високото образование во земјава.
Општина Штип наредната година во инфраструктурни проекти ќе инвестира 60 милиони денари. Оваа сума е дел од Програмата за уредување на градежно земјиште за Општина Штип за 2019 година.