Дводневна регионална конференција на тема „Инклузија на Ромите по завршување на Декадата на Ромите: Тековна состојба и предизвици“ ќе започне денеска во Скопје во организација на канцеларијата на Народниот правобранител со финансиска поддшка на Амбасадата на Република Бугарија во Република Македонија.
Во Гевгелија денеска ќе биде пуштен во употреба нов водоснабдителен систем, со кој треба да се подобри водоснабдувањето за 17.0000 жители.
Графити има на секој чекор, лифтот не работи, а движењето по скалите и ходниците често наликува на сцена од некој хорор филм.
По примерот на Општина Сарај која ги ослободи од комуналии припадниците на ОНА и прилепските бранители бараат Општина Прилеп да ги ослободи од плаќање на комуналните давачки.
Во делот казнување, односно наплата за непратена порака за паркинг, ЈП Паркинзи на Општина Центар издава дневна паркинг карта која е во важност од моментот на нејзиното издавање до истото време наредниот ден и важи за паркинг зоната во која е издадена.
Општина Велес планира, некогашниот пензионерски дом, што беше пренаменет во хотелот „Вила Зора", во партнерство со странски инвеститори повторно да го уреди во пензионерски дом за сместување и згрижување на стари лица.
Во Град Скопје денеска до 16 часот се пристигнати 200 барања. Со ова, условот за завршување на јавниот повик е исполнет, а барања на граѓаните за субвенции за купување печки на пелети вработените во архивата на Град Скопје нема да примаат.
Потврдуваме дека неколкумина вработени во Пивара Скопје се имаат пожалено на стомачни тегоби. Состојбата на сите овие вработени ја следиме контиуирано и се надеваме дека тие наскоро ќе бидат добро.
Експерти од Хрватска и Романија од денеска во Пробиштип им помагаат на македонските колеги, како да го поминат периодот и што се треба да реализираат за прогласување на Лесново за геопарк.
На 71 најталентиран ученик и спортист од десетте основни училишта во Општина Карпош, денеска им беа доделени решенија за исплата на стипендии, со што локалната самоуправа ги поддржува основците во учебната 2018/2019 година.