Макети од објекти изградени по земјотресот во Скопје, фотографии и дел посветен на грчкиот архитект Константинос Доксијадис се само дел од она што можат да го видат посетителите на атинскиот музеј „Бенаки“, на изложбата посветена на постземјотресно Скопје што вчера беше свечено отворена.
Конференција за промоција на индексот за младински развој – Македонија, подготвен од Коалицијата Сега со поддршка од Проектот на УСАИД за граѓанско учество ќе се одржи денеска во Скопје.
Корисниците на социјалните мрежи сведочат дека на местото на несреќата не работела сообраќајната сигнализација што и било една од причините за сообраќајката.
Поради лоши временски услови, планинарите на ПСД Голак од Делчево викендов го прекинаа планинарскиот марш што го организираа заедно со членовите на планинарскиот клуб „Балкан“ од Белград, Србија и „Макпетрол“ од Скопје.
Во рамките на настанот беше доделена Годишната награда на МААА на проф. д-р Билјана Секуловска – Габер, учесник на програмата Фулбрајт во учебната 1978/79 година, за нејзините заслуги за унапредување на македонско – американските односи. Наградата ја врачи претседателот на МААА, проф. д-р Мишо Докмановиќ.
Околу 4500 кавадарчани и голем број правни субјекти изминативе години не плаќале данок на имот, нив воопшто ги немало во општинскиот систем за наплата.
Штип од вечерва почнува со чествувањето на празникот Свети Никола, кој е патрон на градот. Советникот за култура во Општина Штип, Кирил Панајотов денеска истакна дека програмата за одбележување на празникот почнува вечерва со концерт на Градскиот хор во Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“ со почеток во 19 часот.
Манифестација „Млади Европејци-Европа на Балканот” се одржа вечерва во Градскиот музеј во Крива Паланка, во организација на Европската филмска, театарска и танцова академија.
Во општина Берово се подготвува богата програма по повод новогодишните празници. Поголемиот дел од културните активности ќе се реализираат во соработка со училиштата, а неколкудневната програма ќе биде посветена на најмалите.
„Биди донор, биди херој“ беше насловена трибината која вечерва се одржа во Занаетчискиот дом во Куманово во организација на Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“ во рамки на проектот „Кампања за подигнување на јавната свест за органодарителството“.