Доверителите на ски-центарот Кожуф, кој има седиште во Кавадарци, не сакаат тој да оди во ликвидација. Затоа беше одложено судското рочиште за стечај од пред два дена, за да се видат можностите за реорганизација.
Тројца средношколци се повредени во тепачка вчера попладне во средното училиште Јосип Броз Тито, во која учествувал и родителот на еден од повредените средношколци.
Потребата во нешто да веруваме и надежта дека тоа ќе се случи е во основа на приказната на новата премиера на Драмскиот театар-Скопје: „Вера Љубов Надеж“ во режија на Лука Кортина.
Утрово пожар избувна во просториите на Градежниот факултет во Скопје, а околу 9 часот можеа да се забележат неколку против-пожарни возила со уклучени сирени како движат кон локацијата по булеварот Партизански одреди.
Во Берово денеска заврши тридневната работилница на проектот „Напреден систем за превенција и рана детекција на шумски пожари“ имплементиран од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски-Скопје“ и Универзитетот за применети науки Фулда, Германија.
За среќа во пожарот повредени нема, засега само двајца студенти се пожалиле дека вдишале чад, им била укажана лекарска помош и нивната состојба е стабилна.
Околу 850 работници на „Фени“ го блокираа магистралниот Градско-Прилеп со барање неколкуте банки доверители да се повлечат и компанијата да не оди во стечај.
Десет противпожарни возила го гаснат пожарот кој утрово избувнал во просториите на Градежниот факултет во Скопје, потврдуваат од противпожарната единица.
Противпожарни екипи попладнево интервенирале во Археолошкиот музеј на Македонија, откако, според првичните информации, мал пожар избил во подземните простории поради дефект со инсталација.
Централните и локалните власти, невладините организации, приватниот сектор и домаќинствата потребно е преку интегриран пристап и со заеднички напори да го надминат проблемот со загадувањето на воздухот во Скопје.