Моменти од животот на скопјани преку оригинални фотографии од збирката на Музеј на Град Скопје ќе бидат прикажани на изложбата „За спомен и долго сеќавање“. Автори се Славица Христова, Татјана Ѓорѓиовска и Оливера Џартовска-Тачевска.
Скопскиот градоначалникот Петре Шилегов ја сопре изградбата на 95 фасади кои требаше да добијат нов барокен лик, а се реновираа по налог на поранешниот градоначалник Коце Трајановски.
Поранешниот градоначалник Невзат Бејта ја остави општина Гостивар со над сто милиони денари долг, се наведува во соопштението од службата за информирање на локалната самоуправа со која од денеска раководи Арбен Таравари.
– До 15 ноември Регулаторната комисија за енергетика ќе го изработи тарифникот за водни услуги што од 1 јануари идната година ќе мораат да го применувааат сите јавни водоводни претпријатија во општините со над 10.000 жители.
Република Македонија настојува да реализира активна соработка со другите држави членки на УНЕСКО, базирана на демократските принципи за кои се залага Организацијата.
Полицијата денеска соопшти дека кражбата во Хрватската резиденција на улицата „Тодор Александров“ е извршена со употреба на подесен клуч, калауз при што е отворена влезната врата на резиденцијата, влезено е внатре и извршено е претурање, но не се знае што е одземено.
Палење отпад на отворено, кои покрај загадувањето на воздухот, претставуваат и опасност за безбедноста на граѓаните, неконтролирано користење несоодветни горива во индивидуалните куќи и во индустриски инсталации од помал капацитет.
Вангел Андрески е новиот в.д. директор на ЈП „Паркинзи“ на Општина Центар – Скопје. Тој доаѓа на оваа позиција на местото на досегашниот директор Саша Богдановиќ, кој беше избран за градоначалник на Општина Центар.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и претставници на ЕУ и Светска банка денеска ќе ги прецизираат деталите околу анализата на субвенциите, нивниот ефект и влијанието врз земјоделството.
Над еден тон марихуана запленија вчера царинските службеници на граничниот премин Блаце на влез во Република Македонија. Дрогата која досега е најголема количина запленета во еден случај е пронајдена во товарно моторно возило, а возачот е во бегство.