„Скопско лето“ денеска ја најави и ретроспективната изложба за 50 години творештво на карикатуристот Јордан Поп Илиев. Ќе биде отворена на 7 јули во Мала станица.
Македонски стрип автори ќе учествуваат на традиционалната 19. по ред Балканска смотра на млади стрип автори, што ќе се одржува од денеска до 2 јули во Лесковац, Србија.
Младинскиот културен центар вечер од 20 часот ќе го прослави Светскиот ден на астероидот кој од оваа година почнува да се одбележува на 30 јуни насекаде низ светот.
Во реката Вардар од под Мало Мовче во велес денеска ќе заплови 19. „Вардарска регата Гемиџии“.
Со положување цвеќе и со рецитал денеска во реонскиот парк во општина Ѓорче Петров беа одбележани 96 години од смртта на македонскиот револуционер Ѓорче Петров.
Единицата за спроведување на проектот за локална и регионална конкурентност финансиран со грант од Европската унија го објави Повикот за изразување на интерес за Инвестиции на под-грантови во инфраструктура поврзана со туризмот.
Во рамки на Битола - отворен град, вечерва на широк сокак ќе настапи групата „Zabranjeno pusenje“
Како и претходните години, така и оваа, градот овозможува содржини за сите генерации и вкусови. Поради природата на овогодинешната програма се очекува Кратово да е исполнето со еуфорија и среќа која никој нема да ја заборави.
Земјотрес со магнитуда од 2,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 3:52 часот во Охридскиот регион.
Автобус на една македонска туристичка агенција претпладнево се запали во Грција на пат кон Халкидики, при што нема повредени патници.