Земјотрес со магнитуда од 2,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 3:52 часот во Охридскиот регион.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, соопшти дека епицентарот на замјотресот бил во охридското подрачје, а е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2017 10:03