Со положување цвеќе и со рецитал денеска во реонскиот парк во општина Ѓорче Петров беа одбележани 96 години од смртта на македонскиот револуционер Ѓорче Петров.

Градоначалникот Сокол Митровски, претседателот на Советот, советници, делегации на Здружението на борците на Ѓорче Петров, на политички партии и почитувачи на неговото дело се поклонија и положија цвеќе пред неговиот споменик.

– Ѓорче Петров засекогаш останува во историјата на нашиот народ, на сегашните и идни генерации. Да се поклониме пред споменикот направен во чест на оваа голема личност, Ѓорче Петров и да се потсетиме на неговото големо дело за независна и самостојна Република Македонија, истакнал градоначалникот Сокол Митровски.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2017 19:22