Во Македонскиот народен театар задутре од 20 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Без галама“ по текст на Мајкл Фрејн, колективно адаптирана и во режија на Тони Михајловски.
Сојузот на композиторите на Македонија-СОКОМ реагира што од Министерството за култура се уште не добил одговор зошто композициите избрани на Конкурсот за откуп на нови музички дела распишан во април минатата година биле објавени, а потоа и повлечени од веб-страницата на Министерството на 18 јануари годинава.
Град Скопје и Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ денеска почнуваат со реконструкција на зелените површини во стариот дел на Градскиот парк.
Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Свети Наум“ кај место викано Попо вчера во 17 часот го затекнале без документи лицето А.П. (56) од Поградец, Албанија.
Премиерот Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска денеска остварија средба со претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, Благоја Ралковски и со претставници и претседатели на гранкови синдикати членки на КСС.
Ученик од средно училиште во Струга бил сексуално злоставуван од друг малолетен ученик. Случајот во полиција е пријавен вчера од страна на Центарот за социјални работи во Струга.
Со тешки телесни повреди се здобил пешак во една од вкупно 14 сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во девет сообраќајки со полесни повреди се здобиле девет лица, а во четири била причинета материјална штета.
Едукативен семинар на тема „Практична примена на GS1 DataMatrix-от, клуч за серијализацијата во фармацевтската индустрија и софтверски и хардверски решенија за нивна успешна примена во здравството", ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на GS1 Македонија.
Европската унија ќе финансира 17 проекти во Македонија со вкупно четири милиони евра во рамките на двегодишниот проект „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“, меѓу кои е и проектот за Марковите кули и нивната заштита и дејствување.
Душко Христов претставник на Храна за сите - Банка за храна Македонија, рече дека немањето функционален систем и банки за храна доведува до ситуација големи количини да завршуваат во ѓубре, и покрај тоа што според статистичките податоци околу 450 илјади граѓани живеаат под праг на сиромаштија.