Македонија не знае колку кучиња скитници има, ниту располага со точна бројка на миленици. Општините, во чија надлежност се уличните кучиња, допрва ќе учат како да ги пребројуваат и допрва ќе формираат прифатилишта или ќе склучуваат договори со шинтерски служби.
В.д. директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Атанасов денеска соопшти дека е казнет пријавениот инспектор кој несовесно и непрофесионално постапувал при контрола во угостителски објект.
Во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска во 10.10 часот на магистралниот пат Градско – Прилеп, загинал таксист кој управувал со автомобил „мерцедес“ со скопски таблички.
Полицаец кој го обезбедувал седиштето на ЕУ во Скопје вчера бил повреден со камен од лице кое присуствувало на протестот организиран од Светски македонски конгрес и Македонските заедници во Европа. Кај едно лице биле пронајдени молотови коктели, а запалени биле и знамињата на Грција и Албанија.
Снежните врнежи и натаму го отежнуваат сообраќајот кој се одвива со забрани за товарни возила на дел од патиштата, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот.
Под мотото „Имаш сериозна врска?“ денеска ќе се одржи 70. „Критична маса“, посветена на проблемот со кражбите на велосипеди во Скопје.
Возило пикап со скопски таблички попладнево удрил во пешак на булеварот „АСНОМ“ спроти паркот Јане Сандански кај Ново Лисиче.
Советникот од Алијансата за Албанците, Орхан Гафури, тврди дека денеска гласал против поставување на споменикот на Ќосето во Сопиште. Тој бара одржување на нова седница на која, како што вели, ќе гласа против. Вели дека крајниот резултат од гласањето е манипулација.
Учесниците ќе се движат по улицата „Јане Сандански“ кон хотел „Ројал“, па преку Кејот „Македонија“ ќе се упатат кон Градскиот плоштад каде ќе се дели едукативно-информативен материјал за ретките болести.
Советот на општина Сопиште на предлог на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука со која бара од донаторот на спомен обележјето Андон Ќосето да се согласи да го отстапи на општина Сопиште и да биде поставен на територијата на општина Сопиште.