- Оваа Спогодба претставува круна на еден процес кој се одвиваше во текот на една година, благодарност до нашите претходници и градската администрација, рече Шилегов по потпишувањето.
Иницијатори на серијата трибини се поетесата Ана Голејшка, која беше и иницијатор на #ретвитниоброк, и режисерот Милош Б. Андоновски кој е иницијатор на задолжителното воведување на театарската уметност како предмет во средните училишта.
Пет лица биле полесно повредени во четири од вкупно осум сообраќајки регистрирани во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје, а во четири била причинета материјална штета.
Со премиера на претставата „Крвави свадби“ од Федерико Гарсија Лорка, во режија на Љупчо Ѓоргиевски, Народниот театар – Битола денеска ќе одбележи 73 години од денот на формирањето и од денот кога е одиграна првата театарска претстава
Спогодба за збратимување меѓу Град Скопје и Град Сараево ќе биде потпишана денеска во Националната галерија Даут-пашин амам.
Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје (ФВМС) денеска го одбележува јубилејот „90 години ветеринарна наука и едукација” во Македонија.
Стопанската комора на северозападна Македонија со поддршка на УСАИД и Епи центар денеска организира форум за регулативата од областа на просторното планирање, градежното земјиште и постапките за градење.
Делегацијата на Европскиот комитет за економски и социјални прашања денеска во Скопје ќе одржи средба со граѓанскиот сектор на која ќе стане збор за предизвциите со кои се соочува НВО секторот и слободата на медиумите во Република Македонија.
Градоначалникот Петре Шилегов вечерва во МОБ ги врачи наградите „13 ноември“ што се доделуваат на физички и правни лица како знак на признание на Град Скопје за остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието.
Капитенот Стојанче Стоилов ја доби наградата за спортист на годината, Раул Гонзалес е избран за најдобар тренер, а машкиот тим за екипа на годината.