Во текот на изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје случени биле вкупно 33 сообраќајни незгоди, од кои во една потешко бил повреден пешак, А во осум со полесни повреди се здобиле 16 лица. Во 24 сообраќајки е причинета само материјална штета.
Првиот број на најпознатиот европски туристички водич „In your pocket“ за Скопје, Охрид и Битола ќе биде промовиран денеска.
На Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово денеска ќе се одржи Втора научна конференција за аерозагадувањето на која ќе бидат презентирани најновите согледувања со аерозагадувањето во урбаните средини во Македонија.
- Во касарната „Илинден” во Скопје, баталјонот за воена полиција (бВП) од составот на Здружената оперативна команда, со воена свеченост ќе го одбележи денот на единицата.
Во село Брњарци, општина Гази Баба очевидци кажуваат дека се искршени над 40 надгобрни плочи на христијанските гробишта. Настанот се случил пред само неколку минути.
Фестивалот традиционално го организира Здружението за промоција и едукација на храна и заштита на биодиверзитетот Слоуфуд „Св. Наум Охридски“ од Скопје.
Краткото видео „Очи“ на авторот Александар Панајотов е прогласено за најдобро на конкурсот за кратко видео во рамки на осмиот Фестивал на планински филм ЕХО, кој се одржа од 24-ти до 27 октомври.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Б.С. (53) од Прилеп осомничен за кривично дело „лажен стечај“.
Претставата „Стјуардеси” од Марк Камолети во режија на Синиша Евтимов на Театар Комедија вечер ќе има 100-та изведба. Од премиерата на 6 декември 2013 година претставата досега ја виделе над 32.000 посетители.