Како што информира денеска МВР, инцидентот се случил вчера околу 17:00 додека Н.А. (37) се движел со своето возило по улицата „Алија Авдовиќ“.
Легендарниот Сер Алекс Фергусон утринава ја искористи можноста да ги разгледа и убавините на нашиот главен град, шетајќи ги уникатните сокачиња низ Старата скопска чаршија.
Скопје денеска ќе биде во фокусот на вниманието не само на европската, туку и на целокупната светска фудбалска јавност. Главниот град на Република Македонија ја има привилегијата да угости два од трите најславни и најбогати светски фудбалски клубови, Реал Мадри и Манчестер Јунајтед.
МВР денеска привело 41-годишно лице осомничено за препродавање билети за Суперкупот на УЕФА, кој што ќе се игра утревечер во Скопје.
Миливоје Јанковски и проф. д-р Венера Крлиу-Ханџиски се добитници на државната награда „Мајка Тереза” во 2017 година, соопшти Министерството за култура.
Фотографи аматери и професионалци може да учествуваат на конкурсот за фотографии #PicThisEurope кој го објавија Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Скопје и Европеана - дигитална библиотека.
Во текот на изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје се случиле 25 сообраќајни незгоди од кои во две потешко се повредени две лица, во 10 со полесни повреди се здоблиле 21 лице, а 13 поминале само со материјална штета.
На голема бина поставена на плоштад „Македонија“ денеска ќе настапат Симона Попоска, диџеите Матс, Контру и Бранчез, а за утре се најавени настапите на Сара Мејс, диџеј Дела, Брас Брадрс и диџеј Боби.
Како што соопшти градоначалникот Коце Трајановски, најголем дел од активностите ќе се одржат во „неутралната фан зона“ на плоштадот „Македонија“.
Поради суперкупот на УЕФА, закажан за 8 август на фудбалскиот стадион „Арена Телеком“ во Градскиот парк во Скопје, од утре се воведува посебен сообраќаен и пешачки режим за сообраќајниците во непосредна близина на стадионот.