Две лица од гостиварско село починаа на Клиниката за инфективни болести. Тие биле донесени во Клиниката со тешка здравствена состојба и со висока температура, пролив, повраќање.
Во пресрет на УЕФА Супер Куп 2017 на Националната арена „Филип Втори“ градот Скопје ќе го осветли Калето во официјалните бои на УЕФА Супер Купот.
Во Полициската станица од општа надлежност во Кавадарци, несреќата која се случила во атарот на селото Трстеник, била пријавена од вработено лице во кавадаречкиот Здравствен дом.
Министерството за култура на Република Македонија донесе решение за разрешување на Горан Стојановски од функцијата директор на Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид.
Со дваесеттина настани, преку 40 учесници и петдневна програма под мотото „Градиме нови генерации“, денеска во Струга почнува јубилејното 5. издание на Фестивалот за процесирање култура „ДримON“.
Со изложби на фотографии и инсталации, како и со проекција на документарен филм, вечер во Младинскиот културен центар почнува проектот „Европска престолнина на културата“.
Со формирање Поворка во Домот на културата во Крушево, вечер почнува годинашната манифестација „Крушево етно град“.
Во нивниот најнов проект SuperCupSkopje, членовите на WeTalkIT заедницата, ги поврзуваат фудбалските фанови на кои им треба сместување, со луѓе од Македонија кои имаат желба да им понудат бесплатен престој.
СВР Скопје-Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против П.П. (49) и Г.П. (47) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги“.
Министерството за култура донесе решение за разрешување на Роберт Вељановски од функцијата директор на Драмски театар-Скопје. За вршител на должноста директор на оваа национална установа е назначен актерот Сашо Тасевски.