Тие, како што е наведено во полицискиот билтен, се пожалиле на труење од храна што ја конзумирале во хотелот. По укажаната лекарска помош пуштени се на домашно лекување. Со случајот се запознати јавен обвинител и Државен санитарен инспекторат.
Повардарската епархија со седиште во Велес традиционално и годинава, денеска го организираше десетото бесплатно групно крштевање во водите на реката Бабуна во близина на Велес.
Дваесет и петгодишен државјанин на Германија вчера починал во ноќен клуб во Прилеп. Момчето престојувало во село Дебреште во општина Долнени.
Свадбата ќе почне вечерва во 19.30 часот, со китење, редење на бајракот и фрлање пушка, а утре наутро во 9 часот ќе продолжат обичаите меѓу кои централен настан ќе биде венчавката во црквата „Св. Петар и Павле“.
ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, во координација со Град Скопје, почна да спроведува посебна акција за одржување на јавната чистота во централното градско подрачје и во околината на Градскиот стадион.
„Почни со Водно“ е мотото на вечерашното организирано искачување на Водно, кое започнува во 19 часот од пред основното училиште „Кочо Рацин“ над Клиничкиот центар.
Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје се случиле 14 сообраќајни незгоди.
Со концерт на модерниот џез квартет „Форплеј“ и оркестарот на Македонската филхармонија под диригентската палка на маестро Емин Џијан вечер почнува 57. издание на фестивалот Охридско лето.
Руен по десетти пат ќе ги собере љубителите на планината од Македонија и Бугарија на традиционалната средба „Балканот без граници“.
На „Скопско лето“ вечер во Музеј на Град Скопје од 20 часот ќе биде промовирана книгата „Скопски легенди“ од Данило Коцевски, во издание на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје.