Во САД довербата во компаниите кои се занимаваат со вештачка интелигенција (АИ) паднала на 35 отсто во период од пет години, според најновите податоци на консултантската компанија Еделман.
Во никој случај не се препорачува да му се даде одеднаш цела тегла мелено месо на бебето, или како „чист“ оброк. Во почетокот, тоа треба да биде само малку месо - еднаш или двапати во седмицата, наведува босанскиот портал „Аваз“.
Песната на Џејмс Блант „You're Beautiful“ многумина ја бираат за прв танц на својата свадба. Сепак, пејачот кој неодамна наполни 50 години, во новото интервју за „Хафпост“ (HuffPost) објасни дека тоа е ужасен избор.
Поп-ѕвездата Кејти Пери неодамна откри дека како дете живеела во сиромаштија, и покрај тоа што сега „тежи“ 530 милиони долари.
Надлежните во Израел се согласија да ги преразгледаат зборовите на потенцијалната песна-претставник на „Евровизија“, откако организаторите приговорија на стиховите што се чини дека се однесуваат на нападот на Хамас на 7 октомври.
Европската комисија и изрече казна на компанијата „Епл“ во висина од над 1,8 милијарди евра за злоупотреба на доминантната позиција на пазарот за дистрибуција на апликации за стримање музика за корисниците на „Ајфон“ и „Ајпад“ преку нејзината апликација „Еп Стор“.
Пред повеќе од година дена, со „Ѕвездо моја“ Артист Бенд зачекорија во авторското музичко творештво.
Јадењето „прекумерно обработена“ храна ја зголемува опасноста од развој од десетици неповолни и сериозни здравствени состојби, посочува новиот преглед на 45 мета-анализи којшто опфаќа речиси 10 милиони луѓе. Научниот труд е објавен во средата во списанието „Би-ем-џеј“ (The BMJ).
Крис Хемсворт, Двејн Џонсон, Зендеја, Мишел Фајфер, Бед Бани, како и оскаровците Николас Кејџ и Ал Пачино се меѓу новообјавените доделувачи на овогодишните „Оскари“.
Американскиот рапер Шон Комбс, попознат како Паф Деди или Пи Диди, е обвинет од поранешен колега за сексуален напад. Музичарот и претходно е тужен за сексуални напади, вознемирување и недолично однесување, уште од четири лица, од ноември 2023 година.