Познатиот француски актер Винсент Касел им соопшти на своите обожаватели дека очекува дете со неговата 31 година помлада сопруга, манекенката Тина Кунаки, со која се ожени во август минатата година.
Хрватскиот актер Иво Грегуревиќ, најпознат по главната улога во филмот „Чаруга“, почина на 67-годишна возраст, јави ХРТ.
Зголемена телесна температура од 38 до 40 степени, главоболка, малаксаност, вознемиреност, солзење на очите, течење на носот, сува кашлица – ова се симптомите кои наведуваат на грип, но и првиот сигнал за мали сипаници – морбили. Карактеристично за морбилите е што во устата се појавуваат бели наслаги што се задржуваат два до три дена, а по еден до два дена се јавува осип на кожата со телесна температура од 38 до 40 степени.
По едногодишна пауза, македонскиот музичар, композитор и продуцент Кирил Џајковски повторно се враќа на музичката сцена. Неодамна беше промовиран и неговиот најнов сингл „Reminder“ за кој е изработен и видео запис. Песната „Римајндер“ е прва соработка на нашиот композитор со познатиот реге артист, вокалистот Дејвид Лајон и претставува фузија на Балкан Бит, звукот на glitch-hop и реге влијанијата.
Познатиот српски актер Марко Николиќ почина на 73 години, објави синоќа на социјалните мрежи неговата ќерка Мина Николиќ.
Компанијата Нетфликс соопшти дека од интернет платформата за гледање во Саудиска Арабија, е повлечена епизода од шоуто „Патриотски закон со Хасан Минхај“, откако саудиските власти се пожалиле на содржината на програмата.
Актерот Марко Николиќ попознат меѓу публиката, но и колегите како Гиго Моравац починал на 2. јануари 2019 година во 73 година од животот. Информацијата ја потврдила и неговата ќерка Мина на социјалните мрежи.
Во Норвешка пет метри под површина на морето се отвора првиот подводен ресторан во Европа, а се оценува дека тој воедно ќе биде и најголем од таков тип во светот, кој ќе може да услужи околу 100 луѓе. Изградбата е при крај и првите гости се очекуваат веќе во април оваа година.
Мартин на Инстаграм објави фотографија од раката на бебето, наведувајќи дека неговиот сопруг, арапскиот уметник Џван Јосег и 10-годишните близнаци „се вљубени во Лусија“.
Латиноамериканската пејачка Деми Ловато е во врска со својот партнер-поддржувач од рехабилитацијата од зависност од дрога, на која таа беше испратена откако се предозира во јули.