Најновиот филм на Марвел „Одмаздници: Завршница“ (Avengers: Endgame), само неколку дена по премиерата урива рекорди во гледаност и по заработката.

Како што соопшти компанијата „Волт Дизни“филмот за два дена прикажување само во САД заработил 156,7 милиони долари, многу повеќе од претходните рекорди на „ Војна на ѕвездите: Моќта се буди“ (Star Wars: The Force Awakens) кој во 2015 година заработи 119 милиони долари и „Одмаздници: Војна на бесконечноста“ (Avengers: Infinity War), кој заработи 106 милиони во 2018 година.

Најновиот филм на Марвел и на глобалниот филмски пазар оствари рекордна заработувачка од 644 милиони долари и го надмина „Одмаздници: Војна на бесконечноста“, кој заработи 641 милиони долари.

„Одмаздници: Завршница“ е големо финале на приказните од светот на суперхерои на Марвел, кој почна со „Ајронмен“ (Iron Man) во 2008 година.

Критичарите го фалат тричасовниот филм „Одмаздници: Завршница“ како супер спектакл.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/04/2019 12:02