Во кино „Милениум“ синоќа беше отворен 6. Филмски фестивал за деца и млади „Џифони Македонија“, со италијанскиот филм „По трагите на мојот татко“ на режисерот Марко Сегато.
Американскиот комичар Кет Вилијамс е уапсен во Портланд, Орегон, САД поради напад на возач од градскиот превоз.
Американската пејачка Тина Тарнер откри дека и била извршена трансплантација на бубрег, кој го донирал нејзиниот сопруг Ервин Бах.
Британскиот уличен уметник Бенкси ја шокираше светската јавност, откако неговото дело „Девојка со балон“ беше уништено со помош на механизам за сечење вграден во долната рамка на сликата.
Славниот музичар Ерик Клептон првпат во неговата кариера ќе објави албум со божиќни песни.
Светската музичка ѕвезда во подем, Дуа Липа изјави дека работи на нов студиски албум кој наскоро би требало да биде објавен. По повеќе успешни соработки, таа открива дека на новиот проект би сакала да работи со Пинк, Френк Оушн и Алиша Кис.
Во Вашингтон вчера се одржаа протести против Брет Кавано, кандидатот предложен од Доналд Трамп за Врховен судија на САД. На нив се придружија бројни славни личности, а полицијата приведе околу 300 демонстранти, меѓу кои и манекенката Емили Ратајковски и глумицата Ејми Шумер.
Осум филма се во натпреварувачката селекција на 3. Меѓународен фестивал на дебитантски филм „Киненова“, кој под мотото „Првиот никогаш не се заборава“ ќе се одржува од денеска до 10 октомври. Фестивалот ќе биде отворен вечер од 20 часот во кино „Милениум“ со македонска премиера на „Ругање на Христос“ - дебитантски игран филм на режисерот Јани Бојаџи.
Тајландските власти соопштија дека плажата, која го прослави филмот „Плажа" со Леонардо ди Каприо, ќе остане затворена на неопределено време, со цел да се санираат штетите од туристите.
Јапонската технолошка компанија Нинтендо следната година планира да лансира нова верзија на својата конзола Свич, за да се задржи моментумот, кој го обзбеди со продажбата на уредот, објави „Волстрит џурнал“.