Потпретседателот на Тесла за инженерски технологии, Даг Филд ја напуштил компанијата, јави Си-ен-би-си. Компанијата, пак, го потврди отпуштањето на Филд, кој работеше таму речиси пет години, во одделот за електромобили.
Најново истражување во САД покажало дека 97 отсто од луѓето неправилно ги мијат рацете и тоа претставува проблем, кој може да предизвика ширење на бактериите на предмети, а потоа и на други лица.
Британскиот пејач Ед Ширан доби тужба за плагијаторство за еден од неговите најголеми хитови „Thinking Out Loud“, и ако се докаже дека е точно, поп ѕвездата ќе мора да плати сто милиони долари.
На прочуената париска авенија „Елисејски полиња“ вчера вечер првпат е подигнато кино на отворено, а на спектакуларниот екран од 180 квадратни метри прикажан беше филмот „Посетители", во присуство на еден од главните актери - Жан Рено.
Познатиот пејач Роби Вилијамс се сомнева дека има Аспергеров синдром, или аутизам, и јавно се пожали дека се чувствува како нешто постојано да му недостасува и дека се бори со „некој облик на ментално заболување".
Автокомпанијата „Тесла“ го зголемила производството на моделот 3 на 5.000 возила неделно, што претставува рекорд за проблематичната фабрика во близината на Сан Франциско.
Дарко Рундек и неговиот бенд „Екипа“ го објавија денеска новиот сингл „Песочни бури“ (Pješčane oluje).
Актерот Раде Шербеџија бил уапсен во САД поради возење во пијана состојба, откако полицајците забележале дека неговиот автомобил оди лево- десно, односно не се движи како што треба, и за малку ќе удрел неколку возила, јавува американскиот портал ТМЗ.
Францускиот филм „120 отчукувања во минута“ на режисерот Робин Кампиљо (Мароко, 1962) од вчера е на репертоарот на кино „Милениум“. Филмот беше фаворит на Канскиот филмски Фестивал, не доби „Златна палма“, но освои Гран-при на фестивалот.
Фејсбук ја искористија својата F8 конференција за програмери, за да нѐ информираат за серија подобрувања кои не очекуваат во Инстаграм.