Легендата на соул музиката Арета Френклин ќе биде погребана во својот роден град Детроит на 31 август, соопшти претставничката за медиуми на покојната пејачка, Гвендолин Квин.
Повеќе од илјада вработени во „Гугл“ (Google) потпишаа писмо во кое го изразуваат своето незадоволство поради планот на компанијата да покрене цензуриран пребарувач за Кина.
Бугарскиот филм „Ага" на режисерката Милка Лазарова е прогласен за најдобар игран филм на 24. Филмски фестивал во Сараево и ја доби наградата „Срцето на Сараево“.
Гугл го следи движењето на своите корисници, дури и ако тие ја исклучиле таа опција, покажува ново истражување на Универзитетот Принстон.
Американската актерка Скарлет Јохансон е најплатената актерка во светот, според списанието „Форбс“.
ХТЦ размислуваат за интересна промена во стратегијата, која е поврзана со ангажирањето на партнер во создавањето на нивните идни смартфони.
Ова е лесна верзија на платформата за поевтините паметни телефони. Првите уреди кои работат со неа ќе се достапни на пазарот до крајот на есента.
Израел ќе биде домаќин на Изборот на песна за Евровизија идната година. Израелската државна телевизија КАН во последен миг ги обезбеди потребните 12 милиони евра коишто мораше да ги уплати на швајцарска сметка како гаранција за прифаќање на организација на свеченоста.
Арета Френклин, кралицата на соул музиката, почина денеска на 77-годишна возраст. Таа за последен пат настапи во ноември минатата година за основањето на фондацијата на Елтон Џон за борба против СИДА во Њујорк. Пред тоа, таа пееше во Филаделфија во август.
Квалитетна филмска програма и познати имиња на светската кинематографија се очекуваат на 39. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој ќе се одржи од 22 до 29 септември во Битола, а чии подготовки влегуваат во својата завршница.