Телевизиската серија на кабелскиот оператор ХБО, „Игра на престолите" со 22 номинации води во бројот на номинации за американските награди Еми. Зад неа се „Западен свет" и „Приказните на слугинката".
Лејди Кити Спенсер, внуката на Лејди Дијана, откако се појави во рекламна кампања на Долче и Габана, е ново заштитно лице и на брендот Булгари. Се работи за нова колекција накит и очила за сонце.
Станува збор за видеозапис за песната „До крајот“. Нема детали кога е снимен овој проект, а видеото е споделено и на „Фејсбук“ на една од фан-страните на трагично починатиот пејач.
Универзитетот на Аделаида од Австралија, со помош на доброволци, кои учествувале во експеримент, дојде до заклучок дека брзата храна го зголемува ризикот од неплодност и тешкотии при забременувањето кај жената.
Пред извесно време ХТЦ објави дека работи на нов паметен телефон со Андроид, под назив „Exodus“, што ќе функционира на основа на актуелната блокчеин технологија и по се изгледа нема да има потреба да чекаме долго за неговото појавување на пазарот.
Фејсбук продолжува активно да се бори против ширењето на навредливи содржини и лажни вести. Компанијата има многу алгоритми кои откриваат и блокираат слични сметки и тестираат нова програма која треба да стане дел од Месинџер.
Самсунг Биксби е името на корисна услуга со вештачки интелект која беше претставена со Галакси Ес8 пред две години. Досега, виртуелниот асистент беше достапен само за паметните телефони на компанијата, но наскоро ќе стане дел од нивните паметни часовници.
Хоакин Феникс ќе го толкува „Џокер“, познатиот негативец од „Бетмен“ филмовите и стриповите, во филм каде што тој, Џокерот ќе биде главен лик, објави „Холивуд Рипортер“.
Жените помлади од 40 години поставуваат високи услови при изборот на партнер онлајн, а пак, мажите со годините стануваат попребирливи, покажува нова психолошка студија на австралискиот Универзитетот на Квинсленд.
Францускиот сценарист, режисер и продуцент Лук Бесон пред извесно време беше обвинет за сексуален напад врз глумица со која работел на неколку проекти претходно. Нови податоци од истрагата велат дека повеќе жени го обвинуваат Бесон за несоодветно однесување, јавува порталот ИМДБ.