Компанијата „TCL Communication“, на која припаѓа во моментов брендот „BlackBerry“, претстави нов смартфон - „BlackBerry Key 2“. Тој доаѓа на местото на минатогодишниот „BlackBerry KeyOne“ и е првиот паметен телефон на брендот со двојна камера.
Фејсбук соопшти дека личните пораки на 14 милиони корисници по грешка биле изнесени пред пошироката јавност четири дена, во периодот од 18 до 27 мај.
Овој викенд ќе започне да патува караванот кој носи среќа- Баскерфест 2018. Првото улично шоу ќе се одржи во Охрид, во петок и сабота ( 08 и 09 јуни).
Том Круз и Вал Килмер ќе ги повторат своите улоги како соперници во продолжението на „Топ Ган“, со поднаслов „Маверик“.
„LG“ официјално го објави својот нов „Q-Stylus“ смартфон од средна класа. Тој ќе биде достапен во три варијанти со имиња „Q Stylus“, „Q Stylus +“ и „Q Stylusα“.
Италијански научници и готвачи тврдат дека вегетаријанската пица штити од рак и срцеви заболувања, па претставија нова пица - „Паскалина" што го носи епитетот „пица којашто го продолжува животот”, пренесува „Дејли Меил“.
Агенцијата за филм на Република Македонија и Друштвото на филмски работници на Македонија ќе ги зајакнуваат заложбите за подобрување на условите за работа, квантитетот и уметничките дострели на македонското филмско производство.
Во текот на наредната недела „Фејсбук“ ќе ја тргне опцијата „популарни вести“ (trending news) што се наоѓаше на десната страна на десктоп-верзијата на оваа популарна социјална мрежа.
Американската корпорација Епл ја претстави својата нова верзија на мобилниот оперативен систем ИОС, на годинешната конференција на компјутерските експерти, која деновие се случува во Сан Хозе, Калифорнија, и којашто трае пет дена.
Според германскиот новинар Роланд Кванд, „ХМД Глобал“ во моментов развива паметен телефон на „Нокиа“ кој ќе го користи новиот „Квалком“ процесор. Уредот е со кодно име „Phoenix“ и најверојатно ќе биде претставен на есен.