Враќањето киселини од желудникот во хранопроводот како резултат на олабавена мускулатура, познато како горушица, е болест на дигестивниот систем, главно предизвикана од неправилна исхрана. Тоа честопати е придружено со непријатно пецкање и болка во стомакот.
Кристина Агилера неодамна се пофали со својата фигура откако ослабела 20 килограми, па за „Хелт“ (Health) открива како го постигнала тоа. Нејзината „тајна“, вели, е здрава, урамнотежена исхрана, редовно вежбање и секако - посветеноста на сето тоа.
„Самсунг“ потврди дека ќе го одржи својот традиционален настан „Анпакд“ (Unpacked) на 17 јануари. Карактеристично за јужнокорејската технолошка мултинационална корпорација, најавата не содржи детали за настанот, но се очекува претставување на новата серија паметни телефони „Галакси С-24“.
Вредноста на платформата „Х“ се намали за 71 отсто откако социјалната мрежи ја купи американскиот милијардер Илон Маск и го преименуваше Твитер, објави американската мултинационална корпорација за финансиски услуги Фиделити, која има удел во платформата.
- Таа (Бри, з.п.) нема да дозволи ниеден од тие зборови да ја уништи. Овие „фраери“ мразат силни жени, т.е. фактот дека таа е феминистка која има свое мислење и го изразува истото, изјави Џексон за „Ролинг стоун“.
Најгледана евровизиска песна за 2023 година на „Јутјуб“ е „Ча ча ча“. Со неа, финскиот претставник, минатата година, го освои второто место на музичкиот натпревар што се одржа во Ливерпул. Втора најгледана песна е победничката, „Тату“ на Лорин, соопштија организаторите.
Од денеска УСБ приклучокот за полнење од типот Ц станува единствен стандарден приклучок за сите електронски уреди во Европската Унија, согласно Директивата усвоено во 2022 година, а која стапи во сила на 1 јануари 2024 година.
Според истражување на Универзитетот „Мекгил“ во Монтреал, Канада, двајца од тројца луѓе ширум светот имаат бактрија „хеликобактер пилори“ и тоа може да ја зголеми веројатноста за Алцхајмерова болест до 24 отсто, пишува „Тајмс“.
Агенциите најчесто нудат дочек на Нова година на плоштадите во големите градови, додека пак за Белград и за Истанбул имаат понуди за забави, а за Истанбул има и понуда за дочек на брод со вклучени храна и пијалоци.
Американската пејачка и глумица Шер поднесе барање за правно старателство над нејзиниот син Илајџа Блу Алман поради неговите наводни неодамнешни проблеми со злоупотреба на недозволени супстанции.