Омид Скоби, инаку, е познат и како биограф на семејството од Сасекс (Хари и Меган, кои денес живеат во САД). И новата книга првично е издадена на англиски јазик. Спорниот пасус го нема во првата книга на англиски, ниту во другите верзии, пишуваат медиумите.
Поранешната финска премиерка Сана Марин предизвика лавина реакции во својата земја и ширум Скандинавија, откако позираше во бикини, објави порталот „Ис“.
Климатските промени секоја година се одговорни за загубата од неколку илјади милијарди долари во светската економија, особено во најнеразвиените земји, покажува студијата објавена денеска, пред почетокот на COP28 климатската конференција во Дубаи.
Ракописи на Дејвид Боуви со стихови на две негови песни би можеле да достигнат цена од 115.000 евра на претстојното наддавање закажано за утре, соопшти аукциската куќа „Омега окшнс“ од Њутн-ле-Вилоус, Велика Британија.
Возачите зиме честопати се соочуваат со пречки во покренувањето на возилото наутро, поради „заглавени гуми“ коишто „шлајфуваат“. А, многупати, дури ни зимските гуми не го решаваат проблемот. Следат неколку совети околу тоа.
Микробрановата печка е корисен уред за брзо подгревање храна, а може да се користи и за подготовка на нови оброци.
Раперот Еминем е новиот херој во популарната игра „Фортнајт“ (Fortnite). Имено, компанијата „Епик гејмс“ (Epic Games) официјално потврди дека ликот на раперот ќе се најде во новата верзија што ќе излезе овој месец, поточно в среда.
Во ерата на „дипфејк“ видеомонтажи и „пост-вистини“ ('deepfake', 'post-truth'), кога вештачката интелигенција доживува подем и Илон Маск го претвори „Твитер“ во „X“, според светски познатиот „Речник Меријам-Вебстер“, зборот на годината, за оваа 2023., е придавката „автентично“ ('authentic').
Судот во Јужна Кореја го осуди 68-годишен Ли Јун-сеоп на 14 месеци затвор затоа што во 2016 година напишал песна во која ја пофалил Северна Кореја.
Четвртата сабота во ноември се одбележува Холодомор – намерниот глад во Украина предизвикан од советскиот лидер Јосиф Сталин во периодот од 1932 до 1933 година, при што починаа од три до десет милиони луѓе.