Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан денеска изјави дека членство на Турција во ЕУ станува „се понереално“, освен ако Анкара набрзо не го смени курсот на дејствување.
Работата на претседателот Доналд Трамп ја поддржуваат и ја одобруваат 37 отсто од Американците, покажува најновото истражување на агенцијата Галуп.
Вкупно 9,8 милиони Французи, односно 48 отсто од лицата кои синоќа гледале телевизија во Франција, ја следеле дебатата меѓу петте кандидати за француски претседател.
Дел од највлијателните британски банки како ХСБЦ и Кралската банка на Шкотска раководеле со околу 740 милиони долари што биле испрани од руски криминалци, објави Гардијан.
Во својот дом во Њујорк, во 101 - та година од животот, денеска почина милијардерот Дејвид Рокфелер.
Британската Влада на 29 март ќе го активира членот 50 од Лисабонскиот договор со што практично ќе почне процесот за излез на Велика Британија од ЕУ.
Владата на шпанската автономна област Каталонија повторно побара од Мадрид референдум за независност, инспирирана од примерот на Шкотска.
Бугарските власти минатата недела од земјата го протерале генералниот секретар на градската урава на Едрене, Ибрахим Таранџ, објави денеска турската телевизија Си-Ен-Ен Турк.
Американското Министерство за национална безбедност распиша конкурс за идејно решение за ѕидот кон Мексико.
Според истражување на Евростат, повеќе од 45 отсто жители во Луксембург се странци. Следат Кипар со 19,5 отсто странци, Летонија со 15,2 отсто, Естонија 14,9, Австрија 12,5, Ирска со 11,8 и Белгија со 11,3 отсто странци.