Европската унија мора да биде храбра во односот кон Западен Балкан и да го препознае како регион од стратешко значење. Ова во интервју за БТА го изјави поранешниот известувач на Европскиот парламент за напредокот на Бугарија на европскиот пат, Џефри ван Орден.
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп не испрати покана за неговата инаугурација во јануари до рускиот лидер Владимир Путин, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Законодавниот дом со мнозинство од опозицијата планира да поднесе втора иницијатива за импичмент на претседателот Јун Сук-Јол, откако првото гласање не успеа поради бојкотот на владејачката партија.
Австралија ќе ги принуди Мета и Гугл да плаќаат за вести споделени на нивните платформи според новата шема објавена денеска, заканувајќи им се дека ќе ги оданочуваат доколку одбијат да склучат договори со локалните медиуми.
Научниците предвидуваат дека 2025 година ќе биде трета најтопла година во светот, веднаш зад 2024 и 2023 година, кои ќе ги заземат првите две места на листата на најтопли години откако се мери температурата.
Поранешниот американски советник за национална безбедност Џон Болтон изјави дека со доаѓањето на Доналд Трамп на власт може да се обнови идејата за размена на територии меѓу Белград и Приштина.
Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) ќе започне со подготовка на Украина за прием во ЕУ и НАТО, изјави специјалниот претставник на ОБСЕ за Украина, Петр Мареш.
Германската влада одобри извоз на оружје и воена опрема за Турција во вредност од 230,8 милиони евра оваа година, што е највисок износ во последните 20 години, според информациите на германското Министерство за економија, цитирано од ДПА.
Синдикатот на новинари и медиумски работници на Србија (СИНОС) ја повика Владата итно да достави до Народното собрание предлог со кој на новинарите и медиумските работници ќе им се даде статус на службени лица, јави Бета.
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека ја избрал Кари Лејк, поранешна водителка на вести и републиканка која не успеа да освои место во Сенатот минатиот месец, за директор на медиумот Глас на Америка финансиран од американската влада.