Во видео изјава објавена на Телеграм, тој рече дека само на граѓаните на Украина ќе им биде дозволено да преминат од Русија и Белорусија во Украина.
Британскиот премиер Борис Џонсон и украинскиот претседател Володимир Зеленски се согласија за време на телефонски разговор денеска дека светот треба да ја изолира Русија „целосно дипломатски и финансиски“, соопшти Даунинг стрит.
СAД и Албанија повикаа на вонреден состанок на Советот за безбедност на ОН в недела за да се усвои резолуција со која се повикува на „специјална седница на Генералното собрание на ОН“ в понеделник за руско-украинскиот конфликт.
Претходно Германија вети испорака на Украина 1.000 парчиња противтенковски орудија и 500 ракети земја-воздух „Стингер“ од резервите на Бундесверот за да може оваа нападната земја да се одбрани од руската инвазија.
Хакери ја урнаа денеска официјалната веб-страница на Кремљ, Кабинетот на рускиот претседател Владимир Путин, откако претходно пристигнаа извештаи за DDoS (Дистрибуирано одбивање услуга) напади на веб-сервери на други владини веб-страници и медиуми.
Повеќе од 3.000 Руси се приведени поради одржување антивоени протести откако претседателот Владимир Путин ја почна инвазијата врз Украина пред три дена, соопшти денеска независен мониторинг.
Американскиот претседател Џо Бајден, во емисијата на Брајан Тајлер Коен, изјави дека во моментов има две опции, од кои едната е трета светска војна.
Полската прес агенција (ПАП) повика на исфрлање на руската новинска агенција ТАСС од Европската алијанса на новински агенции (ЕАНА).
По блокадата, лидерот на Кримската Република Сергеј Аксјонов им нареди на граѓаните да го ограничат користењето на водата.
„Руската инвазија на Украина означува пресвртница. Наша должност е да дадеме се од себе за да ја поддржиме Украина во одбраната од инвазијата на војската на Путин“, напиша Шолц на Твитер, пренесоа британските медиуми.