Папата Франциск денеска ги пофали младите активисти за климата за нивните напори во борбата против климатските промени и ги охрабри да ја продолжат својата работа „за доброто на човештвото“.
Франција денеска ја обвини Велика Британија дека игра политички игри со правата на риболов по Брегзит, откако Лондон и островот Џерси одбија да издадат дозволи за десетици француски бродови за риболов во британските територијални води.
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска му честиташе на кандидатот за канцелар на СПД, Олаф Шолц, за победата на последните парламентарни избори во Германија.
Добитникот на наградата од 1 милион долари го избира петчлена комисија назначена од норвешкиот Парламент, која ќе биде објавена на 8 октомври.
Стотици Либанци, главно роднини на луѓе кои загинаа во експлозијата во пристаништето во Бејрут, денеска протестираа против „замрзнувањето“ на истрагата.
Франција ќе и продаде 52 артилериски топови „Цезар“ на Чешка, во договорот вреден 257 милиони евра, изјави денеска официјален претставник на француското Министерство за вооружени сили.
Талибанците денеска предупредија на последици доколку САД не ги прекинат летовите на своите беспилотни летала во воздушниот простор на Авганистан.
Условите се влошија и покрај зголемената помош за Сиријците кои живеат во Либан, каде што секој четврти е бегалец. Меѓу Сиријците, се повеќе деца работат и стапуваат во брак, додека на илјадници луѓе им се заканува иселување, пренесува Бета.
Јужноафрикански инспектори денеска побараа поранешниот министер за здравство да биде казнет, а висок функционер да се соочи со кривична пријава за скандал со пари од фондот за „Ковид“, вреден 10 милиони долари
Европската Унија започна преговори во Брисел со претставници на Србија и на Косово, со цел решавање на кризата во регионот, напиша на Твитер специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак