Во понеделникот попладне, премиерот Виктор Орбан учествуваше во дискусии со Доналд Трамп, Илон Маск и Мајкл Волц во Мар-а-Лаго. Унгарската делегација беше дополнета со министерот Петер Сијарто и претседателот на групацијата 4iG, Гелерт Јасаи.
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, по повод Денот на човековите права, што се одбележува денеска, го повика светот да се обедини во борбата против, како што наведе, „диктаторските режими“.
САД одобрија заем од 20 милијарди долари за Украина, а како дел од програмата за вонредно зголемување на приходите за функционирање на Владата на Украина.
Ким, близок соработник на претседателот Јул, во четвртокот поднесе оставка на функцијата и од неделата е во притвор. Обвинителите имаат рок од 20 дена да одлучат дали ќе го обвинат. Осудата за обвинението за бунт може да му донесе и смртна казна.
Младите мораат да почнат да се борат за свет без нуклеарно оружје, што е многукратно помоќно отколку во минатото, порача групата „Нихон Хиданкио“, која годинава ја доби Нобеловата награда за мир.
Во Мексико 17 деца починаа од контаминирани кеси за инфузија. Шеснаесет од жртвите се предвремено родени бебиња и една 14-годишна девојка.
„САД ќе ја препознаат и целосно ќе ја поддржат секоја идна влада на Сирија што ќе биде формирана како резултат на овој процес“, се додава во соопштението.
Мисијата на Обединети нации во Авганистан денеска ги повика талибанските власти да ги прифатат глобалните обврски за човековите права поради заштита и просперитет на идните генерации.
Агенцијата на Обединети нации за бегалци оцени дека ситуацијата во Сирија е „една од најголемите кризи со раселување во светот“.
Обвинителката на државата Њујорк Летиција Џејмс денеска соопшти дека нема да ја повлече граѓанската тужба против новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, наведувајќи дека претседателите „не се имуни на граѓанските тужби“.