- Што се однесува до новите господари на Дамаск и со оглед на нивното минато, нашите очекувања се реални и ќе ги следиме мерките и активностите што ги преземаат, рече израелскиот министер за надворешни работи.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко помилува 29 затвореници осудени за екстремизам, соопшти денеска неговата служба. Помилувањата се во пресрет на претседателските избори во јануари 2025 година.
Оние кои се нарекуваат бунтовници се поделени во неколку групи.
Сириските бунтовници кои го соборија претседателот Башар ел Асад изјавија дека нема да воведуваат верски кодекс за облекување на жените и дека ќе гарантираат лична слобода за сите.
Високиот комесар на ОН за човекови права Фолкер Тирк денеска изјави дека политичката транзиција во Сирија мора да осигура одговорност за прекршителите на човековите права.
Германија би можела да и испорача на Украина ракети со долг дострел Таурус, изјави денеска лидерот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) Фридрих Мерц по средбата во Киев со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Знамето на сириската опозиција е поставено на зградата на дипломатското претставништво на таа земја во Москва.
Каталонската сепаратистичка партија Жунтс „Junts“ (Junts - „Заедно“, кратенка од „Заедно за Каталонија“) денеска во Долниот дом на шпанскиот парламент достави поднесок со кој го повика премиерот Педро Санчез да поднесе гласање за доверба.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ќе го повика американскиот претседател Џозеф Бајден да разговараат за прашањето за покана на Украина во НАТО, пренесоа денеска украинските медиуми.
Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, изјави дека во претходните две недели имал интензивни разговори за дијалогот и дека очекува следната недела да биде полна со закажани состаноци и официјални мисии.