Американскиот претседател, Доналд Трамп денеска e во Кеноша, Висконсин, местото на новиот бран протести што минатата недела преминаа во насилство откако бел полицаец седум пати стрелаше во грб на Афроамериканецот Џејкоб Блејк, за време на апсење.
Американскиот демократски претседателски кандидат, Џо Бајден, во август забележа рекорд во прибирањето донации за својата кампања, со собрани повеќе од 300 милиони долари, пишува денеска „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на два извора.
Шон Конли, личниот лекар на американскиот претседател потврди дека Трамп немал мозочен удар или некој друг сериозен здравствен проблем, како што објавија медиумите.
Претставници на Иран и светските сили кои работат на спасување на нуклеарниот договор со Техеран, денеска во Виена се согласија дека ќе сторат се за да се зачува договорот од 2015 година.
Повеќе од 50 Афроамериканци, поранешни сопственици на франшиза за рестораните за брза храна „Мекдоналдс“, ја тужат компанијата за расна дискриминација и бараат оштета во висина од милијарда долари, јавија некои американски медиуми.
Според последните податоци, во светот од новиот коронавирус досега се заразиле вкупно 25.745.059. Од нив починале 856.836, а оздравеле 18.024.796 луѓе.
Експерти за човекови права на ОН соопштија за 450 случаи на тортура и сурово постапување во Белорусија од страна на безбедносните служби во протестите против резултатите од изборите.
Американската Управа за храна и лекови (ФДА) издаде одобрение за итна употреба на брз тест за Ковид-19 на компанијата „Лаборатории Абот“.
Државните училишта во Њујорк, најголемиот училишен систем во САД, за 11 дена го одложуваат враќањето во школските клупи, закажувајќи ја првата средба на учениците за 21 септември, изјави градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио.
Папата Франциск денеска оцени дека пандемијата на коронавирусот покажа дека планетата може да се опорави, доколку тоа и биде дозволено.