Франција смета дека станува збор за „кривично дело“ во однос на случајот на рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој според германските лекари е жртва на труење, и побара од руските власти „брза и транспарентна истрага“, јави дописникот на МИА од Париз.
Првиот состанок на Паневропската комисија за здравство и одржлив развој, свикана како одговор на кризата со Ковид-19, ќе се одржи утре за да го означи почетокот на својата работа, соопшти Регионалната канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа.
Во Појасот Газа денеска се воведени мерки за карантин, откако беа потврдени првите случаи на заразени со коронавирус во палестинската енклава.
Италијанка од Ломбардија за време на летниот годишен одмор на островот Сардинија открила дека третпат се заразила со вирусот Ковид-19.
Европската Комисија (ЕК) соопшти дека влегува во преговори со фармацевтската компанија Модерна за откуп на потенцијална вакцина против Ковид-19, јави дописничката на МИА од Брисел.
Најмалку 90 луѓе загинаа и 1.000 куќи се уништени за време на тридневниот монсунски дожд во Пакистан, соопшти Националната агенција за управување со вонредни состојби.
Кремљ е збунет од германската теорија дека лидерот на руската опозиција Алексеј Навални е отруен, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео утринава отпатува од Израел за Судан „на првиот директен лет“ од Тел Авив до Картум, на вториот ден од неговата турнеја по Блискиот исток која има за цел да ги нормализира односите на еврејската држава со арапските земји.
Белоруската дисидентка Светлана Тихановскаја, од Литванија каде се наоѓа во егзил, се обрати пред Европскиот Парламент изутринава и потврди дека опонентите на режимот на Лукашенко се подготвени за преговори со власта, јави дописничката на МИА од Брисел.
Пандемијата на коронавирус продолжува да се шири, но растот на бројот новозаразени и смртни случаи од Ковид-19 е забавен на глобално ниво, освен во Југоисточна Азија и Источен Медитеран, соопшти Светската здравствена организација.