Во писмото до Советот за безбедност на Обединетите нации, иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф изјави дека САД немаат право да бараат повторно воведување санкции на ООН против Иран, воведени поради нуклеарната програма на таа земја
Нема потреба посебно да се известува рускиот претседател Владимир Путин за состојбата во врска со хоспитализацијата на опозицискиот политичар Алексеј Навални, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков
Ненадејната болест на жестокиот критичар на Кремљ, Алексеј Навални (44), најверојатно е резултат на метаболичко нарушување, изјави денеска Александар Мураковски, началник на клиниката во Омск во која е хоспитализиран рускиот опозионер и блогер, јавија американските медиуми
Либиската Влада, поддржана од ОН, објави прекин на огнот и повика на демилитаризација на градот Сирт кој е контролиран од силите на Калиф Хифтер
Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, во телефонски разговор му рече на рускиот претседател Владимир Путин дека е загрижен за состојбата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој се бори за живот во болница во Сибир и за кој постои сомнение дека е отруен, изјави денеска неименуван високорангиран функционер на ЕУ
Светлана Тихановскаја, главниот противник на белорускиот претседател Александар Лукашенко на неодамнешните претседателски избори, денеска изјави дека од Литванија ќе се врати во Белорусија кога ќе се чувствува безбедно
Поројните дождови и поплавите оставија 300.000 луѓе во Јемен без своите домови, култури и живи стока во последните три месеци, што само ја влоши ситуацијата во земјата разорена од војна, соопшти денеска Агенцијата за бегалци на ООН
Случајот со Алексеј Навални, најжестокиот критичар на Кремљ, е многу загрижувачки и тој мора да ја добие целата неопходна медицинска помош, соопшти денеска Канцеларијата на ОН за човекови права од Женева
Копачи од Австралија, за рок од само неколку, часа пронајдоа две огромни грутки злато во вредност од безмалку 200.000 евра
Унгарија има намера да ги заостри мерките за граничните премини од 1 септември за да го спречи ширењето на коронавирусот, поради зголемениот број на заразени во соседните земји, најави унгарскиот премиер Виктор Орбан