Политиката на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган е насочена кон дестабилизација на Европската унија, оцени францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за „Пари мач“.
Портпаролот на авиокомпанијата С7, со чиј авион рускиот опозициски лидер Алексеј Навални патувал кога се разболе, соопшти денеска дека Навални ништо не јадел ни пиел во текот на летото
Франција ќе ги продолжи воените операции против исламските борци во Мали, и покрај соборувањето на претседателот Ибрахим Бубакар Кеита во пучот од пред три дена, соопшти денеска француската министерка за одбрана Флоренс Парли
Литванскиот премиер Саулиус Сквернелис денеска во Вилнус ја прими Светлана Тихановскаја, која на неодамнешните спорни претседателски избори во Белорусија заврши втора, зад актуелниот претседател Александар Лукашенко, и ја увери дека неговата земја ќе ги поддржи барањата за нови избори во Белорусија
Полскиот министер за надворешни работи Јацек Чапутович поднесе оставка, објави денеска неговото ресорно министерство
Поранешниот американски претседател Барак Обама остро го искритикува неговиот наследник, републиканецот Доналд Трамп, оценувајќи го за несоодветен за функцијата шеф на државата, и ги повика гласачите да го изберат неговиот партиски колега Џо Бајден, со цел, како што кажа, да се обезбеди опстанокот на американската демократија
Лидерот на руската опозиција Алексеј Навални се наоѓа на одделение за интензивна нега во сибирската болница во Омск, во бесознание и на респиратор, откако, според неговата портпаролка, утринава бил отруен
Бројот на починати од Ковид-19 во Русија надмина 16.000, откако во последните 24 часа беа регистрирани уште 110 смртни случаи, објави денеска кризниот центар за борба против коронавирусот
Иран денеска претстави балистичка ракета земја-земја, како и нова крстосувачка ракета, игнорирајќи ги барањата на САД да ја запресвојата програма за развој на ракета
Севернокорејската владеачка Работничка партија, во јанари ќе одржи конгрес на кој се очекува лидерот Ким Џонг-ун да го објави новиот петгодишен план за развој на националната економија, погодена од санкциите на Вашингтон и пандемијата на коронавирусот