Во ладилниците на аеродромот „Шипхол“ во Амстердам, работниците од авиокомпанијата „КЛМ“ се подготвуваат да ги примат вакцините против коронавирус, што мора да се чуваат на многу ниски температури и на тој начин да се дистрибуираат низ целиот свет
Најмалку пет лица загинаа, а 28 се повредени во пожар кој утрово избувна во индиска приватна болница каде се лекуваат пациенти со Ковид-19
Политиката на САД на меѓународната сцена предизвикува криза во ОН и го поткопува светскиот поредок, изјави првиот заменик постојан претставник на Русија во ОН, Дмитриј Полјански
Шведска, која предизвика полемики поради неприменување на мерки за време на пандемијата, призна дека не гледа знаци на имунитет на стадо и оти расте бројот на новозаразени со коронавирусот
Во Украина се регистрирани 16.218 нови случаи на коронавирус, што е најголема бројка во еден ден од почетокот на пандемијата, изјави денеска украинскиот министер за здравство Максим Степанов
Еден од главните експерти на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан изјави дека почетокот на употребата на вакцината против коронавирусот треба да му даде на светот „значителна контрола над вирусот следната година“
Позитивните резултати од завршните испитувања на неколку кандидати ја поттикнаа надежта дека набрзо ќе заврши пандемијата
Рускиот фонд за директни инвестиции и индиската фармацевтска компанија „Хетеро“ се договорија во Индија годишно да се произведуваат по повеќе од 100 милиони дози од вакцината против коронавирусот „Спутник V“ , соопшти денеска руската компанија за развој на вакцини „Гамалеја“
АстраЗенека соопшти дека соработува со регулаторите во истрагата за давање помала доза на вакцина против коронавирус, бидејќи резултатите беа подобри кај испитаниците кои добиле помала количина вакцина отколку целосна доза, изјави портпарол на компанијата
Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека нема намера да прими вакцина против коронавирус