Велика Британија ќе биде прва земја чии граѓани ќе примат вакцина против Ковид-19, а првите дози ќе бидат достапни од вторник, и тоа прво во болниците, а потоа и во останатите здравствени институции.
Илјадници приврзаници на новоизбраната претседателка на Молдавија, Маја Санду се собраа денеска на улиците на главниот град Кишињев барајќи предвремени парламентарни избори и обвинувајќи го Парламентот дека ја саботира нејзината подготвеност да се бори против корупцијата
Поранешниот претседател на Уругвај, Табаре Васкес почина на 80-годишна возраст откако ја загуби битката со рак на белите дробови, напиша денеска на Твитер неговиот син Алваро Васкес
Седум пациенти починаа во една од најголемите болници во Пешавар, затоа што таа здравствена установа останала без резерви кислород, соопштија денеска извори од болницата во северозападниот дел на земјата
Според министерството за внатрешни работи, по вчерашните демонстрации во Франција против несигурноста и законот за „Општа безбедност“. биле уапсени 95 лица во Франција од кои 42 во Париз
Британската Влада ќе мора да заземе конечен став за тоа дали ќе биде можно да се постигне договор за деталите за излезот и понатамошната соработка со Европската унија по конечното излегување на земјата од Унијата на 31 декември, изјави денеска британскиот министер за заштита на животната средина Џорџ Јустис
Голем пожар избувна во продавница за пиротехника во трговски центар во градот Ростов на Дон, јужна Русија, соопшти регионалната канцеларија на руското Министерство за вонредни ситуации
Никој освен премиерот не треба да го соопшти ставот на Полска за нејзиното вето за буџетот на Европската унија, изјави денеска шефот на канцеларијата на полскиот претседател Кшиштоф Шчерски во интервју за полската државна новинска агенција ПАП
Во последните 24 часа во Кина се регистрирани уште 18 случаи на коронавирусот, еден повеќе од претходниот ден, но Националната здравствена комисија соопшти дека сите случаи се увезени од странство
Жителите на австралискиот остров Фрејзер, кој се наоѓа на списокот на светското природно наследство, се евакуирани денеска поради шумски пожар