Околу 3.000 луѓе се приведени за време на протестите во Белорусија отако актуелниот претседател Александар Лукашенко освои нов мандат на вчерашние избори, изјави денеска портпаролката на Министерството за внатрешни работи Олга Чемоданова
Израелски дизајнери работат на изработка на најскапата медицинска маска во светот. Цената, како што се предвидува, ќе изнесува скоро 1,5 милиони долари
Германскиот министер за финансии Олаф Шолц објави дека раководството на Социјалдемократската партија (СДП) го предложи како свој кандидат за канцелар на изборите следната година
Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска на свечаност на Научниот и технолошки совет изјави дека е постигнат голем напредок во развојот на вацина против новиот коронавирус и за лекови за вирусот
Цените на нафтата денеска зајакнаа, поддржани од саудискиот оптимизам за зголемената побарувачка во Азија и ветувањето на Ирак дека дополнително ќе ги намали испораките, но неизвесноста околу мерките за поддршка на економското закрепнување на САД ги ограничи профитите
Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски гостуваше во Вестите на 24 ТВ и ги образложи околностите што се однесуваат на уделот на Државните електрани на Македонија при формирањето на цената на струјата
Пет члена на италијанскиот Парламент и околу 2.000 градоначалници, претседатели на региони, членови на регионални влади земале бонус од 600 евра кои италијанската Влада ги одобри како помош за оние кои поради Ковид-19 и карантинот имале проблеми со работата заради, пишува весникот „Република“
Париз денес е празен како никогаш претходно. Кој ќе го посети сега, не мора да чека во бескрајни редици пред главните атракции
Најмалку едно лице загина, а десетици се повредени во синоќешните протести во повеќе белоруски градови, што почнаа по објавувањето на првичните резултати од претседателските избори, на кои шестпати по ред победи Александар Лукашенко
Мексиканското Министерство за здравство денеска соопшти дека се потврдени 4.376 новозаболени со Ковид-19, со што бројот на инфицирани се искачи на 480.278 лица