Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданон Гебрејесус, изјави денеска дека е на пат кон Пекинг да разговара со кинеските власти и здравствените експерти за епидемијата на коронавирусот.
Пет ракети паднаа во близина на Амбасадата на САД во Багдад, но никој не е повреден, соопшти Командата за заеднички операции на САД.
Палестинската ослободителна организација (ПЛО) се закани денеска дека ќе се повлече од привремениот мировен договор со Израел, посредуван од поранешниот американски претседател Бил Клинтон во 1993 година.
Американски медиуми ја објавија целосната снимка во која се слуша како претседателот на САД, Доналд Трамп, наводни повикува на отпуштање на екс-амбасадорката Мари Јованович.
Повеќе од пет милиони луѓе го напуштија Вухан за празниците на Лунарната нова година и за време на епидемијата на коронавирусот во градот, а останаа уште девет милиони. Тоа го изјави градоначалникот Жу Сианванг.
Министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу, изјави дека последните податоци покажуват дека досега од под урнатините се спасени 45 луѓе во подрачјето што во петокот го погоди разорниот земјотрес, јави Анадолија.
Периодот на инкубација на новиот коронавирус може да се движи од 1 до 14 дена, изјави Ма Ксивеи, шеф на кинескиот државен комитет за здравство на прес-конференција во неделата
Поради штрајкот на уметниците/артистите и техничкиот персонал, што трае 1,5 месеци, Националната опера во Париз мораше да откаже 70 претстави и да загуби 15 милиони евра приходи. Тоа го соопшти денеска телевизијата Беф Еф Ем Те Ве
Бројот на припадници во германските вооружени сили кои припаѓаат на радикалната десница рапидно се зголемува, а во тек е истрага против 550 припадници на Бундесверот, објави денеска „Велт ам зонтаг“
Две кинески провинции меѓу кои јужната кинеска провинција Гуандонг која е со најголемо население, ги обврзаа денеска своите над 110 милиони жители да носат заштитни маски за да не се заразат со епидемичната вирусна пневмонија, соопштија локалните власти