Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш рече дека пандемијата на коронавирус довела до најголемо нарушување на образованието во историјата со затворените училишта во повеќе од 160 земји во средината на јули, со што се погодени повеќе од милијарда ученици.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео оствари видео средба со главниот преговарач на талибанците, Мула Барадар Акхунд.
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повлече номинацијата на бригадниот генерал во пензија Ентони Тати, кој поранешниот американски претседател Барак Обама го нарече „терористички лидер“, за помошник министер за одбрана задолжен за политика, соопшти Белата куќа.
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека тимот што го истражува потеклото на пандемијата на коронавирусот ја заврши својата мисија во Кина и порача дека се подготвува да распореди поголема група експерти во областа во која се сомнева дека се појави пандемијата.
Пандемијата со коронавирусот ја влошува хуманитарната состојба во најсмртоносните конфликти во светот и се заканува дека ќе предизвика економска пустош што ќе го ескалира насилството, предупредуваат дипломати и експерти на ОН.
Професорката Шантал Рахерисон-Семјен во интервјуто за денешен Фигаро, зборува за последиците од Ковид-19.
Шефот на либанската дипломатија Насиф Хити денеска поднесе оставка предупредувајќи оти Владата не успеа да се справи со кризата и да ги спроведе реформите.
Британската Влада одлучи да покрена акција „Јади во ресторан, помогни му на ресторанот“ и ќе ги субвенционира сметките на граѓаните за 50 отсто но најмногу до 10 фунти по посетител.
Две години по трагичното уривање на мостот во Џенова, при што загинаа 43 лица, италијанскиот премиер Џузепе Конте вечерва официјално отвори нов мост во тој пристанишен град со сечење на лента со боите на италијанското знаме.
Завршните лекарски прегледи на волонтерите кои учествувале во клиничките испитувања на вакцината против Ковид-19 покажале присуство на имунитет и отсуство на нуспојави, објави денеска руското Министерство за одбрана.