Сопственикот на британскиот весник „Гардијан“ денеска потврди дека го продал „Обзервер“, најстариот неделен весник во светот, на „Тортоиз медиа“.
Украинскиот правобранител Дмитро Лубинец се спротивстави на намалување на возраста за мобилизација на 18 години.
Финска размислува да се повлече од меѓународниот договор за забрана на противпешадиски мини бидејќи Русија користи слично оружје во Украина, изјави министерот за одбрана Анти Хакианен.
Лошата економска ситуација во Германија и во девет други земји од Европската унија може да има негативни последици за целиот блок, предупреди Европската комисија во извештај објавен денеска.
Таа потсети дека ЕУ оваа година веќе одвои над 160 милиони евра за Сирија, но дека треба да се размислува и за проширување на европската поддршка надвор од хуманитарната помош, како и за преиспитување на санкциите, со цел ја олесни обновата на земјата.
-Неограниченото зголемување на извозот, несомнено, ќе донесе повеќе богатство за индустријата за ТПГ. Но, за тоа ќе мора да платат американските потрошувачи и заедници, како и климата, изјави министерката за енергетика Џенифер Гренхолм.
Русија изврши 12 напади врз енергетската инфраструктура на Украина оваа година со околу 1.100 проектили, јавија украинските медиуми, цитирајќи висок украински дипломат.
Канадската влада најави дека ќе го зајакне надзорот долж границата со САД, како и заедничките сили на двете земји за борба против меѓународниот организиран криминал, објави Би-Би-Си.
Суд во Белфаст утврди дека полицијата во Северна Ирска е одговорна за овластување шпионирање на двајца истражувачки новинари со цел да се идентификува еден од нивните извори.
Стотици севернокорејски војници се убиени или ранети во борбите со украинските војници во руската област Курск, изјави синоќа висок американски воен претставник.