САД и натаму работат на воспоставување дијалог со Северна Кореја, изјави денеска американскиот државен секретар Мајк Помпео.
Според последните податоци, во светот досега се регистрирани 12.259,485 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починале 554,072, а оздравеле 7.127,591лица.
Од почетокот на кризата со коронавирусот, се тврди дека на возрасните лица ќе им биде најтешко за време на пандемијата, но студијата спроведена во Швајцарија ја побива оваа теорија.
Вашингтон и Брисел водат сложени разговори за повторно воспоставување на патувањата меѓу САД и ЕУ, изјави денеска државниот секретар Мајк Помпео во телефонски брифинг за новинарите.
Нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“ ќе отпушти 44 пилоти и 40 членови на екипажот во Белгија поради финансиските тешкотии со кои се соочува откако започна кризата со новиот коронавирус, јави дописничката на МИА од Брисел.
Германија минатата година забележа значително зголемување на активностите на десничарските екстремисти, откако безбедносните агенции во таа група вклучија илјадници членови на најголемата крајно десничарска партија во земјата.
Пандемијата со новиот коронавирус придонесе за ширење на опасни теории на заговор во Велика Британија, предупреди Комисијата на британската Влада задолжена за спречување на екстремизмот.
Министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати користи обучени кучиња за да открие присуство на инфекција со коронавирус, објави денеска телевизијата Ал Арабија.
Јужноафриканската кралица Нолоjисо Сандиле почина денеска од новиот коронавирус, соопшти кралското семејство
Русија одобри нов антивирусен лек „Коронавир“ за третман на пациенти со Ковид-19, објави руската фармацевтска компанија Р-Фарм, додека бројот на заразени лица во таа земја надмина 700.000