Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави денеска дека е во контакт со меѓународните партнери, со цел да се утврди потенцијален одговор на новиот кинески закон за национална безбедност во Хонгконг.
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск денеска изјави дека кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот укажала колку е клучна улогата на медиумите.
Советот на ЕУ официјално препорача укинување на ограничувањата за патување за 15 држави, почнувајќи од утре.
Европа е на прво место во светот во потрошувачката на алкохол што е една од главните причини за здравствени проблеми и предвремена смрт, а тој товар главно го носат луѓе на работоспособна возраст, изјавија експерти во извештајот „Формирање на цените на алкохолните пијалаци во европскиот регион на Светската здравствена организација“.
Илјадници здравствени работници вработени во болниците денеска протестираат поради планот на Владата за реформа на системот на јавното здравство, но бараат и повисоки плати, подобри услови за работа и подобро организирање на здравствените услуги во градовите и руралните области на Франција.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека разговорите со САД за плановите за анексија на окупираниот палестински Западен Брег ќе продолжат „овие денови“, посочувајќи дека нема да биде на 1 јули, како што беше претходно најавено.
Водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи изјави денеска дека САД не можат со сигурност да сметаат на ефекасна вакцина против Ковид-19, предупредувајќи дека дневниот број на заразени лица би можел да се удвои доколку граѓаните не се придржуваат кон мерките за заштита.
Поранешниот советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Џон Болтон, денеска изјави дека САД треба да размислат за економски санкции против Русија, ако е вистина дека Москва им понудила пари на талибанските сили за убивање Американци во Авганистан.
Нарекувајќи го Иран најбрутален терористички режим во светот, државниот секретар на САД, Мајк Помпео, денеска го повика Советот за безбедност на Обединетите нации да го продолжи ембаргото на оружје на Техеран, кое истекува во октомври, и ја отфрли, како што рече, изнудувачката дипломатија.
Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, денеска повика да се воведат санкции и да се преземат други чекори против Кина, откако Пекинг го усвои контроверзниот Закон за национална безбедност за Хонг Конг.