Европскиот комитет за социјални права (ЕЦСР) утврди прекршување на правото на еднаква плата и еднакви можности на работното место во 14 од 15 земји што ја применуваат процедурата на колективни жалби, протокол на Европската социјална повелба, соопшти денеска тоа тело на Советот на Европа
Иран издаде црвена потерница за американскиот претседател Доналд Трамп и за уште повеќе од 30 лица, поради сомнеж дека се вмешани во нападот со беспилотно летало во Багдад во јануари оваа година, при што беше убиен иранскиот генерал Касим Сулејмани
Француски суд денеска го прогласи за виновен поранешниот премиер Франсоа Фијон за плаќање на неговата сопруга над еден милион евра јавни средства за „фиктивна работа“
Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека британските граѓани се значително подебели од жителите на остатокот од Европа и призна дека тој ослабел откако се зарази со новиот коронавирус
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска вети 15 милијарди евра за транзиција кон зелена економија, еден ден откако неговата партија Република во движење беше поразена во вториот круг од локалните избори од страна на Зелената партија, која извојува победа во неколку големи градови
Адвокатот на Џулијан Асанж изјави дека е изненаден од фактот оти властите на САД минатата недела издале ново проширено обвинение против основачот на Викиликс
Кинеската војска доби дозвола да користи вакцина против коронавирус која е развиена од кинески истражувачи и лабораторијата КенСино Биолоџикс, откако со клиничко тестирање е докажано дека е безбедна и релативно ефикасна
Поради поплавите предизвикани од монсунските дождови повеќе од еден милион луѓе беа принудени да ги напуштат домовите во идниската североисточна сојузна државата Асам, а две лица загинаа
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска истакна дека никој не можел да ги предвиди размерите на пандемијата на коронавирус и поради тоа Москва ќе извлече заклучоци за својата подготвеност за евентуелен втор бран
Челниците на Демократската партија во Округот Оринџ во американската сојузна држава Калифорнија бараат тамошниот аеродром што го носи името на познатиот глумец Џон Вејн, да се преименува и, да се отстрани неговата статуа и се друго што „потсетува на него и неговите расистички ставови“