Виетнам привремено суспендираше 27 пакистански пилоти кои работат за виетнамски авиокомпании
Пакистанските трупи собориле, како што објаснија, индиско разузнавачко беспилотно летало што навлегло во спорниот регион Кашмир, во услови на тензии меѓу двете нуклеарни соседки, соопшти пакистанската армија доцна синоќа, пренесе ДПА
На покраинските избори во австриската покраина Штаерска, што се одржаа вчера, први во периодот на корона-кризата, победи Народната партија на Австрија (ОВП) на канцеларот Себастијан Курц, втора е Социјалдемократската партија (СПО), додека Слободарската партија (ФПО) доживеа дебакл
Еден од водечките американски експерти во борбата против коронавирусот, Ентони Фаучи, изјави дека ќе биде задоволен од вакцина што ќе биде од 70 до 75 проценти ефикасна, но предупреди дека таа нема да биде целосна заштита, особено поради фактот дека многу Американци не сакаат да се вакцинираат
Градоначалничката на Париз, Ан Хидалго прогласи победа на локалните избори, што се одржаа вчера, што и овозможи во нејзиниот втор мандат да раководи со Летните олимписки игри 2024 година
Најмалку 12 лица загинале, а други 10 се водат за исчезнати по поројните дождови во провинцијата Сечуан, во југозападна Кина, пренесе агенцијата Ксинхуа
Постојаниот комитет на Националниот народен Конгрес, највисокото законодавно тело во Кина, најверојатно денеска ќе гласа за законот за национална безбедност на Хонг Конг, пишува Глобал Тајмс
Според прелиминарните податоци од вчерашните претседателски избори во Полска, актуелниот шеф на државата Анджеј Дуда освои 41,8 отсто од гласовите, а на второ место е опозиционерот и градоначалник на Варшава, Рафан Тржасковски со освоени 30,4 проценти од гласовите
Американскиот претседател Доналд Трамп ја избриша од Твитер вчерашната видео снимка во која неговите приврзаници извикуваат расистички слоган
Актуелниот претседател на Исланд, Гудни Јоханесон повторно е избран на таа позиција со дури 92,2 проценти од гласовите, јавуваат локалните медиуми