Според проценки на експерти од американската администрација повеќе од 20 милиони Американци се или би можеле да бидат заразени со коронавирусот или 10 пати повеќе од бројката што во моментов се официјално регистрирана, пишува лондонски Гардијан.
Австралиските здравствени власти ќе почнат со тестирање од врата до врата на повеќе од 100.000 жители во едно предградие на Мелбурн, каде се појави жариште на коронвирусот, што се заканува да го поништи досегашниот успех на Автралијанците во борбата против вирусот.
САД и Европската унија мораат заеднички да ја разберат Кина за да можат да и се спротивстават, изјави денеска американскиот државен секретар Мајк Помпео, нарекувајќи ја Кина закана, па дури и обвинувајќи ја за кражба на европската интелектуална сопственост за развојот на нејзината економија.
Врховниот суд во САД и олесни на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп брзо да ги депортира нелегалните имигранти.
Од удари на гром низ државата Бихар во источна Индија денеска загинаа 83 луѓе, претежно земјоделски работници, соопштија властите.
Северна и Јужна Кореја денеска одделно ја одбележаа 70-годишнината од почетокот на Корејската војна, еден ден откако Пјонгјанг ненадејно ја прекина кампањата за притисок врз Сеул.
Претставникот на ОН за Блискиот Исток, Николај Младенов, денеска го предупреди Израел дека спроведувањето на планот за анексија на делови од Западниот Брег може да предизвика насилство што ќе ги наруши израелско-палестинските односи и ќе влијае врз целиот регион.
Конго денеска прогласи крај на епидемијата на ебола, втората најсмртоносна болест во историјата.
Военото крило на палестинското движење Хамас денеска предупреди дека планот на Израел за анексија на делови од Западниот Брег ќе се смета за „објавување војна“ на Палестинците, а земјата „ќе зажали“ поради тоа.
Европската агенција за лекови (ЕМА) условно го одобри користењето на антивирусниот лек „ремдесивир“ од калифорнискиот фармацевтски производител „Гилеад“ за пациенти заразени со Ковид-19, што е првиот лек што добил препорака.