Германската канцеларка Ангела Меркел денеска укажа на фактот дека долгогодишните тензии меѓу Турција и Грција, можат двете земји да ги доведат на работ на конфликт, и тоа на само два месеци откако веќе интервенираше во спречувањето на воената конфронтација меѓу двата соседа во Егејско море.
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) изврши увид во втората од двете сомнителни поранешни тајни нуклеарни локации во Иран, согласно договорт постигнат со Техеран минатиот месец, со што се стави крај на застојот во инспекциите.
Три американски регулатори синоќа истовремено објавија за постигнат договор со JPMorgan Chase за запирање на криминалната истрага во однос на оваа банка во замена за исплата на казна во вредност од 920 милиони долари.
Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска изјави дека лидерот на владејачката партија Право и правда, Јарослав Качински ќе се врати во Владата како вицепремиер.
Воените операции на Азербејџан ќе продолжат се до повлекувањето на ерменските сили од Нагорно-Карабах, соопштија денеска официјалните лица на оваа земја.
Владата на Велика Британија се обидува да спаси што е можно повеќе работни места, но нема да може да го спаси секое работно место, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон.
Азербејџанскиот претседател Илхам Алијев му се заблагодари за поддршката на турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган, во момент кога судирите меѓу азербејџанските и ерменските сили околу Нагорно Карабах влегуваат во четвртиот ден.
Европската Комисија ги објави првите извештаи за состојбата со владеењето на правото во земјите-членки на ЕУ, со цел промовирање на „култура на правната држава“, јави дописничката на МИА од Брисел.
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Рига ја бранеше својата стратегија за дијалог со Русија, истакнувајќи дека рускиот претседетел Владимир Путин е неподготвен за тоа, додавајќи дека „за дијалог се потребни две страни“.
Азербејџанското Министерство за одбрана на Твитер објави видео на кое се гледа напад со беспилотно летало врз ерменски војници